Програма за поддршка на малите и средни претпријатија
„Регионалната програма со предлог-акциски план за развој и поддршка на приватниот сектор во Пелагонискиот плански регион (2016 – 2020)“ е изработена во рамките на проектот на Министерството за локална самоуправа „Проширување на функциите на Центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности/услуги за поддршка на приватниот сектор“. Во рамките на активностите на формираниот Бизнис центар во Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион изготвени се:
- Регионална програма со предлог-акциски план за развој и поддршка на приватниот сектор во Пелагонискиот плански регион (2016 – 2020) превземи
- Акциски план за спроведување на Регионалната програма за развој и поддршка на приватниот сектор во Пелагонискиот плански регион (2016 – 2020) превземи
- Акциски план за развој и поддршка на агро бизнис секторот во Пелагонискиот плански регион (2016) превземи
Водич за инвестиции и збирка на индустристри зони во Пелагонискиот регион
Водичот за инвестиции ги содржи најрелевантните информации за правните процедури поврзани со започнување и водење на бизнис, анализа на макроекономската ситуација, информации за пазарот на трудот, даночните поволности и секако карактеристиките и бизнис потенцијалите на Пелагонискиот регион. Збирката на индустриски зони има цел да го олесни пристапот до информациите на сите домашни и странски инвеститори, едновремено претставувајќи ги конкурентните предности на регионот, постоечките индустриски зони, достапните “greenfield” и “brownfield” локации како и домашните и меѓународни финансиски инструменти за поддршка на бизнис секторот.