Програми за бизнис заедницата
-
Програма Хоризонт 2020Програмата Хоризонт 2020 поддржува финансирање на проекти за истражување и иновации, мобилност на истражувачи, трансфер на нови технологи, стекнување на нови знаења и експертиза, како и кофинансирање на одредени активнсоти поврзани со развој на нови производи и воведување на нови технолошки процеси. Во рамките на Програмата Хоризонт 2020 е Инструментот МСП наменет исклучиво за мали и средни претпријатија. - Република Македонија, како асоцијативна земја членка во Програмата, учествува под еднакви услови и права како и земјите членки на ЕУ. Со цел успешно учество во програмата, Министерството за образование и наук а во улога на координатор на програмата, формира мрежа на национални контакт лица за поддршка на сите заинтересирани апликанти.
- Хоризонт 2020 е отворена за учество на широк спектар на организации и индувидуални истражувачки центри, лабаратории, мултинационални компании, млаи и средни претпријатија, невладини организации, јавна администрација, локална самоуправа.
- Конципирана е врз три столба- извондредност во науката, лидерство во индустријата и општествени предизвици, кои содржат бројни области за воспоставување и развој на интернационална соработка преку соодветни проекти, конференции, тренинг работилници, семинари, форуми, студиски посети и слично.
- Користењето на овој финансиски инструмент е врз основа на аплицирање на предлог проект на претходно објавен повик и изграден конзорциум- партнерство со субјекти од минимум 3 земји членки на ЕУ или асоцијативни земји кон Програмата.
- За повеќе информации околу можностите за аплицирање на следниот линк:
http://ec.europa.eu/research/participants/portal/desktop/en/opportunities/index.html -
Програма КОСМЕЈа поттикнува конкурентноста на компаниите преку обезбедување подобар пристап до финансии, бизнис услуги за поддршка и промовирање на претприемништво за мали и средни претрпијатија, како и пристап до постојни и потенцијални претприемачи и бизнис организации за поддршка и развој на бизнисите.
- Структурата за реализација на КОСМЕ Програмата се состои од 4 компоненти:
Пристап до финансии
Пристап до нови пазари
Подобрување на рамковни услови
Промовирање на претприемништво
- Република Македонија го доби правото на учество во 2014 годинa. Повеќе информации околу КОСМЕ Програмата на следниот линк:
http://ec.europa.eu/growth/smes/cosme/index_en.htm -
СЕДМА РАМКОВНА ПРОГРАМА ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈФП7 е Седма рамковна програма за истражување и технолошки развој. Тоа е клучниот инструмент на Европска Унија за финансирање на истражување во Европа. Таа, исто така е клучна алатка со која ќе се одговори на потребите на Европа поврзани со работните места и конкурентноста, и со која ќе се одржи водство во глобалната економија заснована врз знаење.
Средствата во рамките на Програмата се однесуваат за грантови со кои ќе се поддржат истражувањата во Европа и пошироко, со цел да се кофинансираат проекти за истражување, технолошки развој и демонстрирање.
Приоритетните области на ФП7 опфаќаат:
- Зајакнување на соработката и истражувањето во Европа,
- Поддршка на чисто иследувачко истражување на границите на науката и технологијата,
- Поддршка на мобилноста и професионалната ориентација на истражувачите,
- Зајакнување на истражувачките способности, капациетите за иновативност и конкурентност
- Нуклеарни истражувања.
Сите повици се објавуваат во Службениот весник на Европска Унија.
На повиците за пријавување на грантови, можат да аплицираат:
Малите и средни претпријатија, приватни истражувачки институции и други учесници во индустријата -
ФОНД ЗА ИНОВАЦИИФИТР ги поттикнува иновациите преку обезбедување на дополнителни извори на финансирање на иновациите, бидејќи се верува дека потребно е да се изгради конкурентна економија основана на знаења која ќе придонесе за содзавање на работни места.
Програми на Фондот за Иновации:
1- Кофинансирани грантови за старт-ап, спин-оф, трговски друштва и иновации
2- Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации
3- Кофинансирани грантови за трансфер на технологии
4- Техничка помош преку деловно технолошки акцелератори
http://fondzainovacii.mk/?page_id=85 -
.Македонска Банка за Поддршка на Развојотhttp://www.mbdp.com.mk/index.php/mk/
МБПР ги нуди следните финансиски производи:
1.Кредитирање
- кредит за поддршка на извозот- обртни средства за подготовка на производство наменето за извор и обртни средства за премостување на периодот од направениот извоз до наплатата на средства од странскиот купувач,
-кредит за мали и средни претпријатија- трајни обртни средства и инвестиции од различни извори: ИКЛ- револвинг, МБПР, ЕИБ, ЕИБ- револвинг,
-кредит за поддршка на земјоделството и агроиндустријата- примарно производство, преработка и извоз- преку комерцијалните банки или директно преку МБПР,
-кредит за микро компании- микро и мали трговски друштва, индивидуални претприемачи, занаетчиски дуќани, приватни трговци, тезги на пазар и други микро и мали стопански субјекти,
-кредит за енергетика- енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија,
-кредит за намалување на невработеноста- создавање и одржување на работни места и самовработување со кредитирање,
-кредит со гарантна шема- микро, мали и средни трговски друштва кои немаат доволно обезбедување при аплцирање кај деловните банки,
-кредит за сместувачки капацитети- инвестиции за микро, мали и средни претпријатија со седиште во РМ за купување, изградба и адаптација на мали сместувачки капацитети до 70 легла со стандард поголем од три звезди,
-кредит за старечки домови и градинки- микро и мали средни претпријатија со седиште во РМ за изградба и опремување на установи за стари лица и детски градинки,
-кредит за општините во РМ- за реализација на проекти од ИПА компонента за прекугранична соработка.
2. Осигурување-
МБПР им помага на трговските друштва кои продаваат на отворено и врши осигурање на побарувањата на краток рок од комерцијални и политички ризици.
Со користење на кредитното осигурување се обезбедува:
-сигурност во наплатата на побарувањата во земјата и странство
-подобра ликвидност и билансната состојна на трговските друштва во РМ
- влез на нови пазари и опстојување на постојните пазари
-поедноставен пристап до финансиски средства на пазарот на капитал.
3. Факторинг- услуга која овозможува продажба на производи и услуги на одложено плаќање, при што дел од средствата наведени во фактурата се добиваат веднаш. Факторингот комбинира кредитна заштита, регистар на побарување, наплата на побарувања и финансирње за компаниите кои продаваат производи и услуги со одложено плаќање пократко од 180 дена. МБПР откупува фактури и исплаќа аванс по однос на доставената фактура во износ од 80%. -
.ЕВРОПСКА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈЕвропската Банка за обнова и развој е активна со следнте програми за поддршка на развојот на деловните активности:
-Програма за управување со организациски промени- ТАМ (се разменува менаџерски “know-how” и се развиваат деловни способности,
-Програма за деловни советодавни услуги- БАС (се развива професионалниот капаците на локалните консултанти кои ќе им обезбедуваат на МСП стручни совети за деловното извршување),
-Заеднички виенски институт (спроведува семинари за менаџери во претпријатија, претприемачи и владини службеници),
-Во сите свои активности Банката постапува во согласност со своите корпоративни политики, процедури и стратегии, како што се:политиката на јавни информации, политиката за животна средина, независниот механизам за ресурси итн.
http://www.sep.gov.mk/content/?id=233#.VcNZ-_OqpBc -
ПРОГРАМА ТАМПрограмата ТАМ им помага на малите, средните, но и на големите претпријатија да се трансформираат. Советниците на ТАМ им овозможуваат на претпријатијата да направат структурни промени и да развиваат нови деловни вештини на високо менаџерско ниво, помагајќи им да напредуваат и да бидат конкурентни во пазарните економии. Со програмата раководи ЕБДР, а ЕУ го обезбедува поголемиот дел од средствата за нејзино спроведување (прку 50%).
Програмата ТАМ се стреми:
- Да им помогне на МСП да постапуваат во согласност со индустриското законодавство и да развиваат здрави еколошки практики,
- Да му помогне на раководниот тим на МСП при подготовката на деловниот план врз основа на најдобрите меѓународни деловни практики,
- Да постават стратегиска насока и да привлече надворешни инвестиции и финансии,
- Да дава совети за проектантски и производни капацитети за да бидат споредливи со меѓународни конкуренти,
- Да се подобри конкурентската позиција на МСП со маркетинг- стратегии и мрежу на меѓународни контакти,
- Да се воведуваат нови вештини и вештини карактеристични за секоја индустрија, дирекнто кај високите раководни тимови на МСП
- Да се постигнат одржливи резултати преку менување на деловната култура во претпријатијата и подобрување на деловната одржливост
Повиците за Програмата ТАМ можат да се следат на порталот на Делегацијата на Европска Унија во Скопје.
http://eeas.europa.eu/delegations/the_former_yugoslav_republic_of_macedonia/eu_the_former_yugoslav_republic_of_macedonia/trade_relation/support_businesses/index_mk.htm