Центар за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот “Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности/услуги за поддршка на приватниот сектор” , финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа, на 29-ти декември 2015 година, во Ресен, организира информативна средба за презентирање на финансиските инструменти кои се наменети за приватниот сектор од Ресен.
Целта на оваа средба беше да се престават можностите за финансирање на бизнисите преку користење на финансиските средства од инструментите, Хоризонт 2020, Косме, СМЕ Инструментот, ИПА Програма за прекугранична соработка.
На средбата беше презентирано и портфолиото на услуги на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, достапно за приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор. Во таа насока ЦРППР е подготвен да дава услуги за општо информирање преку постоечките веб портали и директни средби со заинтересираните страни за различните можности за финансирање, поддршка за подготовка на предлог проекти до национални и меѓународни фондови, услуги за спроведување на обуки, изработка на анализи, организирање на кампањи и промотивни настани и др.