Центарот за развој на Пелагонсикиот плански регион, општина Битола и општина Прилеп, во заедничка акција во рамките на Проекот “План за развој на Прекугранична заедничка заштита од пожар- FIRESHIELD”, поставија 50 знаци за противпожарна заштита во Пелагонискиот регион.
Оваа акција се реализираше во периодот од 26 до 28 Јуни 2013 година. Инфо знаците за протипожарна заштита беа поставени од Здружениjата за мотоспорт во Битола и во Прилеп. Местата на кои беа поставувани знаците беа претходно мапирани во соработка со противпожарните единици од Битола и Прилеп, шумските претпријатија од Битола и Прилеп, како и Националниот парк Пелистер. Поставените инфо знаци имаат за цел да ги заштитат шумите од пожар во Пелагонискиот регион каде што има многу посетители.