Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”, на 13 Мај 2013 година со почеток во 10 часот во Хотел Милениум во Битола ќе организира обука на тема: “Вештини за спроведување на анализа на територијата”.
Целта на обуката е учесниците да се запознаат со терминот анализа на територијата и зошто е потребна при изготвување на стратешки документи. Ќе бидат претставени најчесто користените алатки за анализа, како SWOT и PEST анализи, кои претставуваат основа при подготвување на стратегија.Средбата ќе ја посетат Амбасадорот на САД во Македонија Г-дин Пол Волерс, претставници од УСАИД Македонија, Директор на Карана Корпорација Г-дин Карл Ларкинс, Градоначалникот на Битола Г-дин Владимир Талески, Директорката на Центарот за развој на Пелагониски плански регион Г-ѓа Емилиа Ѓероска, претставник од Министерството за земјоделство, претставници од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделието и др.Проектот се имплементира со финансиска поддршка на УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.