Во рамки на проектот “План за развој на прекугранична заедничка заштита од пожар- FIRESHISLED” финансиран од инструментот за претрпистапна помош на Европската Унија, програма за прекугранична соработка за Р.Грција - Р.Македонија 2007- 2013, Центарот за развој на Пелагониски плански регион изврши донација на ТППЕ Ресен.
Донацијата се состои од 9 најсовремени противпожарни одела за лична заштита на пожарникарите од Општина Ресен. Воедно со оваа активност се одбележа и 20 мај, денот на пожарникарството во Република Македонија. Градоначалникот на Оштина Ресен, во име на Општината, на Центарот за развој на Пелагониски плански регион, му додели благодарница за потпомагање на работењето на ТППЕ Ресен.