На 18.05.2016 година во Општина Новаци, Советот за развој на Пелагонискиот плански регион во присуство на Градоначалниците на 9-те Пелагониски општини и Раководителот на Центарот за развој на Пелагонискиот регион ја одржа својата 15-та седница. На дневниот ред на седницата се разгледа и усвои на записникот од 14-тата Седница на Советот за развој на Пелагониски плански регион,
се разгледаа состојбите во реализација на проектите одобрени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година, се потпиша Меморандум за соработка помеѓу општините од Пелагонискиот регион за аплицирање на нов проект во програма на Јапонска Амбасада. До членовите на Советот беше доставена информација за соработката со Германско друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), информација за меѓународна конференција за активен туризам Adventure Next Balkan во Охрид 10-12 Мај 2016 како и информација за текот на имплементацјата на проектот Интегрирана мрежа за регионален развој на УНДП. Акцентот на 15-та седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион беше ставен на 5-те ново одобрени проекти од Програмата за регионален развој за 2016 година со вкупна вредност од 21.338.549,00 МКД, кои годинава ќе се реализираат во Пелагонискиот регион. Ново одобрените проекти од БРР за 2016 година се: Подобрување на економските услуги од регионално значење- модернизација на регионален пазар во општина Прилеп, Подобрување на регионалната туристичка понуда- Изградба на универзален простор со придружни содржини за одржување на МФ “Пеце Атанасовски во општина Долнени, Регулирање на коритото на Црна Река и нејзините притоки по течението на општините Демир Хисар, Битола, Новаци и Могила (втора фаза), Изградба на дел од регионален пат Р 2235 во општина Кривогаштани, Осветлување на сообраќајните клучки на регионален пат Р 1308 во општина Ресен во н.м Крани и Претор.