ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА
Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион е подобен апликант на две програми за прекугранична соработка во рамките на втората компонента на Инструментот за претпристапна помош на ЕУ, и тоа: Програма за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција и Програма за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија. На петте отворени повици од двете програми, ЦРППР поднесе или учествуваше во подготовката на повеќе од 10 апликации, на кого како главен носител му беа одобрени 2 и тоа во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007-2013 година.
РАЗВИВАЊЕ НА ПЛАН ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА ЗАШТИТА ОД ПОЖАР – FIRESHIELD
Целта на проектот беше да се придонесе во прекуграничната соработка во делот на заштита на животната средина преку развивање на заеднички прекуграничен план за противпожарна заштита и зајакнување на капацитетите на регионалните противпожарни одделенија. Активностите на проектот опфатија информирање на јавноста преку медиуми и кампања за подигнување на свеста, изработка на прекуграничен план за заштита од пожари, активности за зајакнување на капацитетите за притовпожарна заштита како и размена на искуства помеѓу противпожарните единици во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин. Партнери во реализацијата на проектот беа ЦРППР, Општина Битола, Општина Прилеп, Регионот Западна Македонија и Регионална развојна агенција на Лерин. Вкупната вредност на проектот е околу 300.000 евра.
Постигнати резултати по завршувањето на проектот:
- Набавени и инсталирани 140 надземни хидранти во Пелагонискиот регион;
- Набавени и доделени 96 високо софистицирани противпожарни одела;
- Набавена компјутерска опрема за ТППЕ во Пелагонија;
- Изработен и инсталиран софтвер за следење и пријавување во случај на појава на пожар во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин;
- Изработени сателитски снимки при евентуална појава на пожар во прекуграничниот регион;
- Развиен план за заштита од пожар во прекуграничниот регион Пелагонија /Лерин;
- Воспоставен и опремен е волонтерски мото-тим за брзо дејствување при појава на пожар во тешко достапните места на прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин;
- Поставени се информативни знаци за спречување на појава на пожар во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин;
ИНОВАТИВНИ ЕДУКАТИВНИ ПРОГРАМИ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ПРИРОДНИТЕ РЕСУРСИ ВО ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН ПЕЛАГОНИЈА/ЛЕРИН – ЗОО ИНОВАТИВА
Главната цел на проектот беше да придонесе во подобрување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин преку креирање и менаџмент на иновативни производи и услуги со цел подигање на општата свест во прекуграничниот регион и за важноста во учеството на заштитата и унапредувањето на животните ресурси. Специфичните цели на проектот беа воведување на иновативни образовни програми за подобрување на еколошките ресурси во прекуграничниот регион, градење на капацитетите на релевантните чинители во однос на заштитата на биолошката разновидност, подобрување на инфраструктурата во Зоолошката Градина во Битола со цел да се поддржат институционалните капацитети за подобрување на животната средина и имплементација кампања за подигнување на свеста во прекуграничниот регион преку развој на дигитални - медиа пакети. Партнери во реализацијата на проектот беа ЦРППР, Општина Битола, Зоолошка Градина Битола, Општина Лерин и Регионална развојна агенција на Лерин. Со проектот, беа инвестирани околу 600.000 евра во зачувувањето на животната средина во Пелагонискиот регион, според стандардите на ЕУ.
Резултати по завршувањето на проектот:
- Изградени 8 нови живеалишта во Зоо Битола;
- Изградени 2 комплементарни објекти во Зоо Битола;
- Воспоставен и ставен во функција волонтерски систем со 10 волонтери во Зоо Битола;
- Развиени и функционални 5 едукативни тури во Зоо Битола;
- Информирани 240.000 жители на Пелагонискиот регион за важноста на ресурсите на животната средина;
- Реализирано студиско патување за 10 волонтери во Зоо Љубљана, Словенија;
- Реализирани обуки за студенти и државни службеници од Пелагонискиот регион;
- Набавени 10 комплети облека за волонтерите во Зоо Битола;
- Изградени институционални капацитети за заштита на животната средина и заштитата на биодиверзитетот во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин;