Советот за развој на Пелагонискиот планскиот регион (СРППР) ги организира и координира активностите за следење и оценување на спроведувањето на планските документи за регионален развој, донесува Програма за развој на Пелагонискиот плански регион, по претходна согласност од Советот за рамномерен регионален развој и донесува годишен акционен план за спроведување на Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион.
Исто така, СРППР утврдува годишна листа на предлог-проекти за развој на Пелагонискиот плански регион и доставува предлози до Бирото за регионален развој за идентификување на подрачјата со специфични развојни потреби во рамките на Пелагонискиот плански регион.
СРППР е одговорен да обезбеди координација на активностите на единиците на локалната самоуправа, здруженијата на граѓани, државните агенции и институции во рамките на регионот кои дејствуваат во областа на регионалниот развој, како и да иницира разгледување на прашања поврзани со регионалниот развој за кои е неопходна координација меѓу единиците на локалната самоуправа и партнери од приватниот и граѓанскиот сектор,
СРППР ја промовира прекуграничната соработка со региони од други земји врз основа на заедничките интереси.