На 16 - 17.07.2013 во хотел Милениум Битола се одржа дводневна обука на тема “Заштита на биодиверзитетот во прекуграничниот регион Пелагонија – Лерин” во организација на Општина Битола како партнер во проектот “Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин – Зоо Иноватива “ во кој водечки партнер е Центарот за развој на Пелагониски плански регион.
Обуката беше наменета за волонтерите од волонтерскиот систем во Зоолошката градина Битола и волонтерите од волонтерскиот систем што ќе биде воспоставен во Зоолошката градина во Лерин. Предавањата на обуката беа одржани од страна на експерт за заштита на животната средина и биодиверзитетот a учесниците на обуката преку интерактивни методи се стекнаа со знаење и практики за зачувување на биодиверзитетот во прекуграничниот регион Пелагонија /Лерин.