Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”, на 02 Јули 2013 година во Ресторан Вито во Ресен организира состанок за : “Воспоставување на Локална Акциона Група (ЛАГ)”.
На оваа средба членовите на потенцијалната Локална Акциона Група од Ресенскиот микро регион го дискутираа Меморандумот за разбирање за формирање на локално јавно - приватно партнерство како неформална организација според принципите на ЛЕАДЕР пристапот, се избра името, се дефинира визијата и се поставија специфичните цели на партнерството.Во наредниот период се планираат уште по два состаноци во трите микро региони во Пелагонија.Проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” се имплементира со финансиска поддршка на УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.