На 27 Јуни 2013 година во Хотел Кристал Палас во Прилеп Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион организира координативен состанок за : “Воспоставување на Локална Акциона Група (ЛАГ)”, во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”
Учесниците на оваа средба кои се и потенцијални членовите и основачи на Локална Акциона Група од Прилепскиот микро регион го дискутираа Меморандумот за разбирање за формирање на локално јавно - приватно партнерство како неформална организација според принципите на ЛЕАДЕР пристапот, го дефинираа името и визијата и ги поставија специфичните цели на партнерството. Овој состанок е прв од трите планирани состаноци кои ќе се организираат во трите микро регион во Пелагонија во наредниот период во рамките на проектот. Проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” се имплементира со финансиска поддршка на УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.