На 10 Април 2013 година во Ресторан Вито во Ресен во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”.
Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ќе организира обука на тема: “Вeштини за спроведување на анализа и проценка на локалните заинтересирани страни“.Целта на обуката е учесниците да се информираат зошто е потребна анализата на заинтересирани страни, да се запознаат со различните алатки за спроведување на анализа и проценка, како и да се здобијат со познавања за успешно вклучување на заинтересираните страни во процесот. Проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” е финансиски поддржан од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.