На ден 05.04.2013 год. во седиштето на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион се одржа вториот работен состанок на проектот: ”Иновативни едукативни програми за зајакнување на ресурсите на животната средина во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин ЗОО Иноватива”.
На состанокот беа присутни претставници на сите партнери кои учествуваат во имплементацијата на проектот:
- Центар за развој на Пелагониски плански регион,
- Регионална развојна Агенција на Лерин АНФЛО ,
- Општина Битола,
- Општина Лерин
- Зоолошка градина Битола.
За време на состанокот беа разгледани сите активности кои досега беа спроведени од страна на проектните партнери а беше договорен и текот на имлементацијата на следните работни активности според работниот план на проектот ЗОО Иноватива.