На ден 18.02.2013 година во Велтси Хотел Лерин Р. Грција се одржа првиот работен состанок на проектот:
Иновативни едукативни програми за зајакнување на ресурсите на животната средина во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин ЗОО Иноватива.На состанокот беа присутни претставници на сите партнери кои учествуваат во имплементацијата на проектот:
- Центар за развој на Пелагониски плански регион,
- Регионална развојна Агенција на Лерин АНФЛО ,
- Општина Битола,
- Општина Лерин
- Зоолошка градина Битола.
Во присуство и на градоначалникот на општина Лерин, г-дин Јоанис Васкопулос беше разгледан и усвоен работниот план на проектот.
На овој работен состанок беше поднесен и извештај од страна на водечкиот партнер на проектот ЦРППР вклучувајќи ги и сите останати партнери за досегашните успешно завршени активности, како и предлог временска рамка за наредните работни активности согласно работниот план.