На ден 18.02.2013 година во Велтси Хотел Лерин Р. Грција се одржа четвртиот работен состанок на проектот:
“ План за развој на прекугранична заедничка заштита од пожар- FIRESHIELD”. На состанокот беа присутни претставници на сите партнери кои учествуваат во имплементацијата на проектот:
Центар за развој на Пелагонискиот плански регион;
Регионална развојна Агенција на Лерин- АНФЛО;
Општина Битола;
Општина Прилеп;
Регинот на Западна Македонија.
На овој состанок беа дискутирани досегашните имплементирани активности, како и наредните активности кои ќе бидат имплементирани во рамките на овој проект.