Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” на 12 Февруари во Ресторан Вито во Ресен ќе организира тренинг на тема: “Воспоставување на партнерство и формирање на ЛАГ-ови”.По завршените информативни средби и работилници, оваа средба е прва од низата тренинзи кои ќе се одржат во секој од трите микрорегиони на Пелагонија.
Целта на овој тренинг е учесниците да добијат информации за добро владеење и како се мобилизираат локалните заедници, ке бидат претставени националните документи и документи на ЕК што се однесуваат на територијата и формирањето на ЛАГ-овите како и постапката за формирање на ЛАГ.Проектот: “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” се спроведува со финансиска поддршка од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.