На 17.07.2012 година во хотел Епинал се одржа промотивната конференција на проектот“ Развивање на заеднички план за заштита од пожар FIRESHIELD”, со што и официјално започна имплементацијата на овој проект. Носител на проектот е Центарот за развој на Пелагонискиот регион во партнерство со Регионалната развојна агенција на Лерин, Општина Битола и Прилеп како и регионот на Западна Македонија од Република Грција.
На оваа свечена конференција беа присутни Градоначалниците во Пелагонискиот регион, Градоначалникот на Општина Лерин, претставникот на Советот на регионот на Западна Македонија, како и голем број на присутни гости и партнери во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин. Проектот “ Развивање на заеднички план за заштита од пожар FIRESHIELD” е дел од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција во рамките на првиот повик.