Во рамките на спроведувањето на програмските определби за погранична соработка во регионалниот развој на Пелагонискиот плански регион, Раководителот на центарот Емилиа Ѓероска и координаторот за меѓународна соработка и имплементација на проеки Нешад Аземовски, на 25.06.2010 година престојуваа во работна посета на Корча, Република Албанија.
Беа остварен средби со претстваници на општина Корча, регионот Корча и неколку здруженија на граѓани можни партнери во апликациите на проектите за погранична соработка.
Во делегацијата на Пелагонискиот плански регион учествуваше и Елена Петровска претставник на Центарот за унапредување на туризмот како стратешки партнер на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.
На средбите договорени се партнерставата и начинот на соработка со цел да се постигне што поголем квалитет на проектите кои ќе бидат
аплицирани во рамките на Инструментот за претпристапна помош – компонентата за погранична соработка меѓу Македонија и Албанија.