Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион одржа прес конференција со која го означи започнувањето на реализацијата на проектот Адаптација на Дом за деца и млади во село Кравари, општина Битола. Со проектот ќе бидат превземени инфраструктурни активности за адаптација на дел од месната заедница во Дом за деца и млади во Кравари.
Домот за млади и деца ќе располага со неколку простории за деца и млади, канцеларија, службен влез, кујна со остава, посебни санитарни јазли, тераси за млади и деца. Вкупниот габарит на просторот кој се адаптира изнесува 180м2.
Имплементацијата на проектот ќе овозможи унапредување на условите за живот на децата и младите во руралните средини, унапредување на социјалниот живот во руралните средини и поттикнување на одржливиот рурален развој во Пелагонискиот плански регион.
Вкупната вредност на проектот изнесува 6.562.763 мкд.Проектот е еден од 10-те проекти кои Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ги реализира во рамките на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година, во рамките на мерката 321.