Центарот за развој на Пелагонискиот регион во организација со Министерството за Локална самоуправа и Министерството за транспорт и врски денес го организираше Информативниот настан на тема: Презентација на Законот за градежно земјиште и Законот за просторно и урбанистичко планирање.
Информативниот настан е во рамките на проектот "Воспоставување на интегрирана мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион" технички и финансиски помогнат од Министерството за Локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации - УНДП. На настанот присуствуваа претставници од локалните самоуправи во Пелагонискиот регион, од секторите за урбанизам, комунални работи и градежни инспекции.