На 20.10 2015 во кино салата во Ресен, ресенската публика имаше можност да ја проследи претставата “Катастрофа”во изведба на Интимен Театар од Битола. Љубителите на културата од Ресен присуствуваа на претстава од жанрот комедија преку која проследија дел од културната понуда на Пелагонискиот регион.
Регионалните денови на културата се реализриаат во рамките на проектот: Развиено наследство, вектор на односи и основа за регионален идентитет” кој се имплементира во рамките на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија.
Регионалните денови на културата продолжуваат во понеделник на 28.10.2015 во Општините Долнени и Крушево, со детска претстава на детскиот театар Бабец за дечињата од Општина Долнени и Станд ап комедија за крушевската публика.