Во саботата на 06.12.2014 во Зоолошката градина Битола се случи големо отворање на реконструираните живеалишта во ЗОО Битола На овој настан промовирани беа реконструираните живеалишта за животните: мечка, рис, лав, тигар, лисица, ракун, мајмуни, фарма за домашни животни, како и 2-та комплементари објекти- влезот и билетарата во Зоолошката градина Битола.
Реконструкцијата на живеалиштата во Зоолошката градина Битола се одвиваше во рамките на проектот “ Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/ Лерин - ЗОО Иноватива”, чиј носител беше Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион а финансиски беше поддржан од страна на делегацијата на Европска Унија и Министерството за локална самоуправа, во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција.Во официјалниот дел на Промотивниот настан поздравни обраќања имаа: г-дин Робин Лидл (Министер Советник - Делегација на Европската Унија), Заменикот Министер за локална самоуправа, г-дин Љупчо Пренџов, д-р Владимир Талески, градоначалник на општина Битола, и директорката на Центарот за развој на Пелагонискиот регион, г-ѓа Емилиа Ѓероска.Во забавниот дел од Промотивниот настан учествуваа музичките звезди Ламбе Алабаковски со детскиот хор Звончиња, Паркети, Бојан Стојоков, детските звезди од музичкиот фестивал Тра- ла- ла , детската транцова група Степ Ап. Промотивниот настан беше збогатен со анимациски содржини наменети за најмладата попоулација, а доделени беа и голем број на награди и промотивни материјали за сите посетители на настанот.Центарот за развој на Пелагонискиот регион го реализира овој проект во партнерство со општина Битола, Зоолошката Градина во Битола, општината Лерин и Регионалната развојна Агенција од Лерин, Република Грција.