Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, на 26 април 2014, во Зоолошката Градина во Битола ја промовираше едукативната боенка која е развиена во рамките на Проектот „Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин- ЗОО ИНОВАТИВА“.
На овај настан присуствуваа голем број на дечиња од Пелагонискиот регион, кои имаа можност да се забавуваат и едуцираат во Зоолошката градина во Битола. Боенката е наменета за децата од предучилишна возраст, а примена може да најде и во одделенската настава. Преку боенката, децата ќе имаат можност да научат повеќе за животните, за важноста на заштитата на биолошката разновидност, креирање на позитивни ставови за животните и нивната заштита.