Од 12-ти до 17-ти март 2014 година во рамките на ПеЛАГонија ЛЕАДЕР проектот беа одржани 3 работилници за подготовка на стратегии за локален рурален развој на Локалните Акциони Групи. По една работилница беше одржана во Битолскиот, Прилепскиот и Преспанскиот микро регион во Пелагонија.
На овие средби беше презентирана Проценката на локалните потреби и капацитети која беше изработена во првата година од проектот за сите три микро региони, врз база на дисеминираните прашалници доставени до членовите на ЛАГ-овите. Исто така се анализираше Правилникот за содржината и методологијата за подготовка на стратегии за локален рурален развој, објавен од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, што претставува водич при подготовката на стратегиите на ЛАГ-овите. Преку работа во групи на учесниците на овие средби се направи дефинирање на територијата каде делуваат ЛАГ-овите, се изврши мапирање, анализирање и оценување на заинтерсираните страни во регионот. Во наредниот период ќе следуваат уште по две работилници за подготовка на стратегии во трите микрорегиони на Пелагонискиот регион.