На 17-ти и 18-ти октомври 2013 година во Прилеп и Битола се одржа свечено доделување на Потврди за успешно помината обука за “Воведување на ЛЕАДЕР пристап”. Овие потврди им беа доделени на учесниците кои присуствуваа на обуките во рамките на првата година од проектот: “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион ” кој се имплементира од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во партнерство
со УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, на Карана Корпорација. Во наредниот период следуваат активности за регистрирање на три Локални Акциони Групи во Пелагонискиот регион, а со тоа се означува започнување на втората година од проектот. Во втората година е планирано учесниците да поминат низ процес за подготвување на локални стратегии за рурален развој, обука за проектен менаџмент и едно студиско патување за размена на искуства со Локални Акциони Групи од соседните земји.