На 21 и 22 септември во Солун, Република Грција ќе се одржи годишната конференција на Програмата за југоисточна Европа под наслов Транснационалната соработка како иструмент за развој во Југоисточна Европа.
Конференцијата е клучна во однос на транснационалната соработка во Југоисточна Европа и пред себе ги има поставено следните цели:
• Да ја промовира програмата и да ја зајакни нејзината улога во регионот
• Да ја прикаже додадената вредност на програмата и досегашните постигнувања
• Да ги поттикне иновативните предлози за идните стратешки активности за соработка
• Да креира ефективен дијалог на тема развој на Балканскиот регион
• Да овозможи вмрежување и рамка за разменана искуства помеѓу различните чинители и др.
Повеќе информации на посочениот линк:
http://www.seeconference2010.net