Центар за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот “Интегрирана мрежа за регионален развој” , технички и финансиски поддржан од страна УНДП и Министерството за локална самоуправа, на 29 декември 2015 година, во Ресен, одржа информативна средба за презентирање на финансиските инструменти кои се наменети за агро-бизнис секторот.
Целта на оваа средба беше да се престават можностите за финансирање на бизнисите преку користење на финансиските средства од инструментите, Хоризонт 2020, Косме, СМЕ Инструментот, ИПА Програма за прекугранична соработка.
На средбата беше презентирано и портфолиото на услуги на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, достапно за приватниот и граѓанскиот сектор.