Центарот за развој на Пелагониски плански регион на 14.12.2015 одржа прес конференција за промоција на Изградено речно корито на реката Шемница во Општина Могила.
Шемница е најзначајната притока на Црна Река во јужниот дел на Пелагонија. На неа е изградено Стрежевско езеро кое наводнува плодни земјоделски површини и обезбедува техничка вода за РЕК Битола.
Во долниот дел на нејзиниот тек, Шемница ја наводнува и плодната почва на полето помеѓу Битола, Новаци и Могила.
Уреденото корито ќе значи намалување односно точкасто елиминирање на можноста од излевање и поплави на Црна Река и нејзините притоки на квалитетно обработливо земјоделско земјиште. Со изградбата на коритото се придонесува кон зголемување на заштитата на животната средина во Пелагонискиот регион и забрзување на неговиот севкупен развој, подобро управување со природните ресурси во регионот и намалување на ризикот од излевања на Црна Река и нејзините притоки и појава на поплави на земјоделско земјиште во регионот
Изградбата на коритото на река Шемница, Центарот за развој на Пелагониски плански регион ја реализираше во рамките на проектот: Регулирање на речно корито на река Црна и нејзините притоки кој се реализира со финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој на РМ.