Согласно Законот за рамномерен регионален развој на РМ (член 18 член 22 и член 26) и Програмата за рамномерен регионален развој на РМ за 2013 година, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион врз основа на Договор за реализација на проекти склучен со Министерство за локална самоуправа на РМ – Биро за регионален развој на РМ објавува
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ДАВАТЕЛИ НА УГОСТИТЕЛСКИ УСЛУГИ ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН НАМЕНЕТИ ЗА ДОСТИГНУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ СТАНДАРДИ ВО РАБОТЕЊЕТО
Предмет на јавниот повик е доделување на финансиска поддршка на вршители на туристичка дејност во Пелагонискиот регион за достигнување на постоечките стандарди и унапредување на туристичката понуда.
Целосната документација на повикот може да се превземи на подолу наведените линкови:
1.Јавен повик - превземи
2.Критериум за евалуација - превземи
3.Упратство за апликанти - превземи
4.Формулар за аплицирање - превземи