На 23.09.2014 и 25.09.2014 во основното училиште во с. Добрушево, Општина Могила и Општина Новаци се одржаа два настани од забавен карактер, кои се дел од регионалните денови на културата, кои се во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, во соработка со 9-те Општини во Пелагонискиот регион.
Пред присутната публика се претставија учениците од ОУ Даме Груев од Битола со дел од театарската претстава Чорбаџи Теодос, како и танцовиот спортски клуб Степ Ап од Битола кои пред присутните изведоа неколку американски и стандардни танци. Регионалните денови на културата свечено започнаа на 22 септември во Општина Битола, а официјално ќе завршат на 30 септември во Општина Долнени.