На ден 18.07.2013 год. во седиштето на Регионална развојна Агенција на Лерина –АНФЛО се одржа петтиот работен состанок на проектот: ”Иновативни едукативни програми за зајакнување на ресурсите на животната средина во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин ЗОО Иноватива”.
На состанокот беа присутни претставници на партнерите кои учествуваат во имплементацијата на проектот:
- Центар за развој на Пелагониски плански регион;
- Регионална Развојна Агенција на Лерин;
- Општина Битола;
- Општина Лерин;
- Зоолошка градина Битола.
За време на состанокот беа разгледани сите активности кои досега беа спроведени од страна на проектните партнери а беше договорен и текот на имлементацијата на следните работни активности според работниот план на проектот ЗОО Иноватива.