На ден 24.10.2013 година со почеток во 11:00 ч, во просториите на Регионалната Развојна Агенција на Лерин - АНФЛО беше одржан седмиот работен состанок на проектот “Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин - ”Зоо Иноватива”.
Присутни беа претставници од сите 5 партнери на проектот. На работниот состанок се разговараше за напредокот на проектот и за активностите кои се предвидени во идниот период, согласно работниот план на Зоо Иноватива. Сите партнери едногласно го прифатија предлогот за текот на понатамошната имплементација на проектот