Во Четвртокот на 07.11.2013 година во Битола во Хотел Милениум се одржа шестата и завршна обука во рамките на проектот “Подигнување на свеста на населението во руралните средини во Пелагонискиот регион за искористување на биомаса за добивање на енергија”,
финансирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање а имплементиран од Центарот за развој на Пелагониски плански регион.Главната цел на проектот е да се информира населението во руралните средини во Пелагонискиот регион за искористувањето на биомасата за добивање на енергија, можноста за намалување на трошоците во домаќинствата и зачувувањето на животната средина. Присутните беа поздравени од Директорката на ЦРППР г –ѓа Емилиа Ѓероска, која им го претстави проектот неговата вредност за Пелагонискиот регион и неговото значење како пилот проект од овој тип . Понатаму обуката преку практични примери и презентации беше спроведена од страна на експерти за искористување на обновливи извори на енергија од ЦеПроСард Скопје.