На 07.03.2013 година во просториите на Министерството за локална самоуправа на РМ се одржа средба помеѓу Министерот за локална самоуправа на РМ и Раководителите на Центрите за развој на планските региони во РМ.
Целта на средбата беше да се информира новоназначениот Министер за локална самоуправа на РМ за состојбите во рамномерниот регионален развој на Република Македонија.За време на средбата беа разговарани потенцијалите за унапредување на состојбите во овој сектор но и постоечките предизвици на кои, со заеднички сили на сите засегнати страни, треба да се одговори.Средбата беше позитивно оценета и поздравена од сите присутни. На крајот на истата беше заклучено дека активности од ваков вид треба почесто да се иницираат поради потесна координација на сите вклучени во системот на регионален развој.