Петтата по ред обука од „Градиме партнерства“ се одржа во Битола во периодот 15-17 февруари, 2011 година и беше наменета за претставниците од локалните самоуправи од Пелагониските општини. На оваа обука, експертите Јане Вртески и Мирослав Трајаноски ангажирани од МЦМС трансферираа знаење за тоа како се изготвува студија за јавно-приватно партнерство (ЈПП), користејќи презентации, а иницираа и практична работа на кокнретни ЈПП проекти.
Општините стекнаа познавања и за тоа како се подготвуваат: тендерска документација, содржина на јавниот повик, евалуација на понудите, извештај за евалуација, одлука за избор на најповолна понуда, како и склучување и менаџирање на договорот за ЈПП.За времетраењето на обуката имаше активна и партиципативна работна атмосфера, беа поставувани многу прашања, имаше многу продуктивни дискусии, солидни презентации на работите во групи и целосно сериозен однос кон обуката.