На 08.02.2011 година, раководителот на Центарот за Развој на Пелагонискиот Плански Регион г-ѓа Емилиа Ѓероска заедно со ректорот на Универзитетот Св. “Климент Охридски” Проф. д-р Златко Жоглев, потпишаа Меморандум за соработка.
Меморандумот се темели на искажаниот интерес на двете страни за заедничка соработка во полето на искористувањето на европските фондови и реализација на проекти. Центарот и Универзитетот заедно со своите ресурси и кадри ќе придонесат за понатамошен развој на Пелагонискот регион..