На 21 Јануари 2013 година во Хотел Милениум во Битола со почеток во 10 часот, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ќе организира работна средба во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”.
Оваа средба е последна од низата работилници во рамките на проектот организирани во трите микрорегиони во Пелагонискиот регион. Поканети се претставници од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од регионот. На средбата ќе им се објасни на присутните за карактеристиките на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот и ќе се презентираат потребни чекори за воведување и спроведување на овој пристап во Пелагонискиот регион.На работилницата ќе се идентификува и дефинира капиталот на територијата, ќе се работи на градење на капацитетите на учесниците кои ќе земат активно учество во процесот и ќе се определуваат можните членови во Локалните Акциони Групи. Проектот:“Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” е финансиски поддржан од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.