На 29.10.2015 во општинската сала на ОпштинаКривогаштани, дечиња од целата општина Кривогаштани имаа можност да ја проследат претставата “Вреќа полна желби” на детскиот театар Бабец од Битола. Детската публика од Општина Кривогаштани преку овој настан имаше можност да проследи дел од култураната понуда за деца од нашиот регион.
Регионалните денови на културата се реализриаат во рамките на проектот: Развиено наследство, вектор на односи и основа за регионален идентитет” кој се имплементира во рамките на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија.
Регионалните денови на културата продолжуваат во Битола со изложбата ”Lire en fete – читај и забавувај се” на Француската Алијанса на 29.10.2015 a Манифестацијата ќе заврши со настап на КУД Илинден и КУД Новаци во Новаци на 30.10.2015.