На 28.10.2015 година, публиката од Општина Крушво имаше можност да присуствуа на еден поинаков културен настап во рамките на Регионалните денови на културата во Пелагонија и преку станд ап комедијата на Никола Тодоровски да проследи дел од модерниот хумористичен културен израз.
Регионалните денови на културата се реализриаат во рамките на проектот: Развиено наследство, вектор на односи и основа за регионален идентитет” кој се имплементира во рамките на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија.
Регионалните денови на културата продолжуваат и во наредните денови и тоа, во Општина Кривогаштани ќе гостува театарот Бабец а во Битола ќе се отвори изложба на Француската Алијанса на 29.10.2015. Манифестацијата ќе заврши со настап на КУД Илинден во Новаци на 30.10.2015.