На 16.10.2015 во Кинот Мис Стон во Прилеп со перформансот Sur Le Vif на театарската асоцијација Лолита Еспин Анадон од Долна Нормандија, третите по ред Регионални денови на културата во Пелагонија беа отворени за прилепската публика. Публика присуствуваше на едно часовен перформанс на модерен танц и израз преку движење и имаше можност да се запознае со еден вид на уметнички израз кој е многу популарен во модерната француска уметност.
На обострано задоволство за љубителите на француската култура и францускиот јазик од Прилеп, по завршувањето на перформансот публиката имаше можност за интеракција со изведувачите на француски јазик.
Регионалните денови на културата се реализриаат во рамките на проектот : Развиено наследство, вектор на односи и основа за регионален идентитет” кој се имплементира во рамките на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија