На ден 13.06.2013, во просториите на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион беше одржан 7-от работен состанок во рамките на Проектот: “План за развој на прекугранична заедничка заштита од пожар- FIRESHIELD”. На овој состанок беа дискутирани досегашните имплементирани активности, како и наредните активности кои ќе бидат имплементирани во рамките на овој проект.
На состанокот присуствуваа партнерите во проектната имплементација: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион; Регионална развојна Агенција на Лерин- АНФЛО; Општина Битола; Регинот на Западна Македонија.