На 06.05.2014 во Општина Битола, се одржа консултативен состанок во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион а на барање на Светска Банка, Министерство за Финансии на РМ и Делегацијата на Европската Унија во РМ.Темата на состанокот беше искористување на финансиски средства кои претходно беа наменети за финансирање на проекти за развој на рурална инфраструктура преку 5 тата компонента од ИПА програмата, а кои сега се пренаменети за истата цел но администрирани преку механизми на Светска Банка со крајна цел нивно поефикасно искористување.
Средствата ќе се администрираат преку грант компонента на тековната кредитна линија која се спроведува од Министерство за Финансии на РМ а се финансира од Светска Банка.Целта на состанокот беше поширока консултација со засегнатите страни и потенцијални апликанти околу утврдувањето на прифатливите проекти за финансирање, критериуми за избор на истите како и дефинирање на процесот на поднесување на апликации.На состанокот присутни беа претставници на Светска Банка, Делегација на Европска Унија во РМ и Министерство за Финансии на РМ, Раководителката на Центарот за развој на Пелагониски плански регион и Градоначалниците на општините од Пелагонискиот регион.