Со свечената промоција на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион се формализира структурата за регионален развој на Пелагонискиот плански регион кој го сочинуваат општините Ресен, Битола, Новаци, Могила, Кривогаштани, Демир Хисар, Крушево, Долнени и Прилеп обединети во слоганот: „Европска визија за Пелагонија“ ...
На свеченото отворање на 14.05.2010 година во хотел „Милениум“ во Битола присуствуваа заменик министерот за локална самоуправа Фарук Фератовски, заменик министерот за животна средина и просторно планирање г-ѓа Соња Лепиткова, државниот секретар во Секретарјатот за евроски прашања Јован Андоновски, Претседателот на Совет за развој на Пелагонискиот плански регион и Градоначалник на Општина Битола Владимир Талески и градоначалниците на другите општини од регионот, Конзули, преставници на здруженијата на граѓани, бројни гости и пријатели на Пелагонискиот плански регион.
Свечената церемонија беше поделена на свечен и работен дел. Во свечениот дел заменик министерот за локалан самоправа Фарук Фератовски им се обрати на присутните истакнувајќи дека минатата година Владата на Република Македонија овозможи средства од над 1,29 проценти од Бруто домашниот производ за регионален развој.
Овој Центар треба да биде ефикасен инструмент за реализација на заедничките или проектите што ќе добијат приоритет – рече г-дин Фератовски прогласуваќи го центарот за отворен.
Во работниот дел односно инфо сесијата, г-ѓа Офелија Каљошевска- Раководител на секторот за координација на странска помош, ја презентираше странската финансиска поддршка во Република Македонија објаснувајќи го значењето на аплицирањето со проекти, кои се нивните позитвни и негативни страни и исто така како да се внимава кон пристапт за аплицирање за да не бидат одбиени истите.
Втората и третата презентација на Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Грција и Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија ги оддржа г-ица Мартина Антич Раководител на одделение за ИПА при Министерство за локална самоуправа.
Прв раководител на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион е г-ѓа Емилиа Ѓероска.