На, 27 септември, се одржa традиционалната манифестација "Преспански јаболкобер",во рамките на програмата на манифестација Преспански јаболкобер, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион на плоштадот во Ресен се претстави во свој штанд.
Манифестацијата започна со откинување на првото јаболко во овошниот насад на Агроплод – Ресен, потоа беше отворен новиот Против Пожарен Дом како и Пуштање во употреба на реновинираните простории во ОУ Славејко Арсов- Подмочани.
На коктелот во Хотел Китка организиран од страна на Градоначалникот на Општина Ресен Михаил Волкановски беа доделени признанија за посебен допринос за развој и промоција на Општината покрај неколкуте наградени беше и Директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион г-ѓа Емилија Ѓероска.