Во општина Могила на ден 27.05.2011 год. со почеток во 10:00 часот се одржа третата локална презентација на можностите за инвестирање во регионот Пелагонија, дел од проектот “Градиме Партнерства”, на која беа претставени индустриските зони кои се наоѓаат во општините Могила и Новаци,
останатите инвестициски потенцијали, даночните ослободувања кои ги добиваат странските и домашните инвеститори и техничката помош што ја нудат општините во насока на добивање на потребната документација поврзана со инвестицискиот процес. На оваа локална презентација присуствуваа градоначалниците на општина Могила г. Славко Велески, градоначалникот на општина Новаци г. Лазар Котевски, компании од општините Могила и Новаци и дел од општинската администрација директно вклучена во комуникацијата со потенцијалните инвеститори. Презентер на настанот беше г. Лазар Неданоски од Македонски Центар за Меѓународна Соработка.