Во рамките на програмската целина за Културни политики од програмата за „Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија“ од 29.05.2013 до 31.05.2013 година, со почеток во 10:00 часот во хотел „Милениум“ во Битола се одржаa работилници на тема: „Tуризмот во функција на едукација и култура и вмрежување“
Овие работилници имаа за цел придонес кон подобрување на функционалноста и дефинирање на идни активности на претходно воспоставената Мрежа за културен развој на Пелагонија, како и да се согледа и развие преку конкретни активности улогата на туризмот во функција на едукацијата и културата. Работилниците се дел од тригодишен циклус кој се организира во Пелагонискиот регион и се наменети за професионална до-едукација на културните чинители од Пелагонискиот регион.
Работилниците се програмски уредени и организирани од страна на Локомотива, Скопје, носител на програмската целина за Културни политики, во партнерство со Центарот за развој на Пелагонискиот регион од Битола.