На 3-ти јули 2015 година на покана на организаторите на ЛЕАДЕР фест настанот кој се одржа во Делчево, присуствуваа претставници од трите Локални Акциони Групи: ЛАГ ПеЛАГонија, ЛАГ Агро Лидер, ЛАГ Преспа и претставници од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.
На овој настан како специјални гости беа поканети претставници од 6 ЛАГ-ови од Република Чешка со цел да воспостават контакт со ЛАГ-овите во Република Македонија со план сите ЛАГ-ови и ЛАГ иницијативи од Македонија да се вмрежат со ЛАГ од Чешка и заеднички да спроведуваат проекти.
На настанот претставниците од ЛАГ-овите од Пелагонија ги претставија своите организации и регионот со промотивни материјали изработени во рамките на ПеЛАГонија ЛЕАДЕР проектот кој се спроведува од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. Во рамките на ЛЕАДЕР фест се одржаа и неколку работилници за анализа на ситуацијата за спроведување на ЛЕАДЕР пристапот во Македонија и размена на искуства со претставниците од ЛАГ-овите од Чешка.