Почнувајќи од 23.07.2012 па се до 26.07.2012 година, во Зоолошката Градина во Битола ќе се одржат Олимписки игри, наречени Зооломпијада. Целта на Зоолимпијадата е да се направи обид за промена во однесувањето кај најмладите посетители на Зоо Битола, да се зголеми нивната спортска активност и да се поттикне и промовира натпреварувачкиот дух.
Зоолимписките дисциплини, во кои децата се натпреваруваат се:
- Кенгурчиња скокалчиња,
- Трчај како ној,
- Низ пештерата на мечињата,
- Око соколово,
- Победи го леопардот,
- Трка на змии и
- Оди како слонче
Натпреварите почнуваат секој ден во 18:30 и завршуваат во 20:30.Влезниците во Зоолошката Градина за време на Зоолимпијадата чинат 30 денари.За Зоолиписките победници, организаторот обезбеди специјални награди.Зооолимпијадата претставува уште еден чекор во насока на имлементација на Едукативната програма за маркетинг и промоција на Зоолошката Градина во Битола која беше изработена од страна на НВО “Биосфера”, на барање на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.