Претставник на Центарот за развој на Пелагонискиот регион учествуваше на пленарниот есенски состанок на Собранието на Европски региони (АЕР), односно неговиот Комитет 1. Состанокот се одржа во градот Бања Лука, Република Српска, Босна и Херцеговина во периодот 15-16.09.2011 година. На овој состанок учествуваа повеќе од 70 претставници кои претставуваа исто толку европски региони.
На состанокот се разговараше за активностите кои Комитетот 1, односно неговите работни групи ги имаат преземено во изминатитот период и кои актовности (проекти) е планирано да се превземат во иднина.Пелагонискиот регион учествуваше во работата на работната група за енергетска ефикасност и работната група за претприемништво, формирани во рамките на Комитетот 1. На пленарната седница беа разгледани активностите на останатите работни групи односно групата за регионални аеродроми и групата за рурален развој.Во текот на пленарната седница беа договорени и идните насоки на дејствување на целиот Комитет 1.На маргините на состанокот беше организиран Граѓански форум на кој присуствуваа гости-студенти од Република Српска кои имаа можност да дискутираат со претставниците од европските региони за европските перспективи на Босна и Херцеговина како и за предизвиците и проблемите кои сотојат на патот кон исполнување на европската визија на Федерацијата.Вториот ден беше резервиран за полудневна тематска конференција насловена ”Идно ЕУ финансирање – подгтотвеност на регионите за финансиски инженеринг”. На тематската конференција покрај претставниците на европските региони, присутни беа и високи претставници на Владата на Република Српска.